Само за пример би ги спомнале колекциите на Александар Меквин, Луј Витон и Азедин Алаја кои ги вметнаа ракавиците до рамена како детаљ за комплетен изглед на стајлингот. Кожените или синтетички ракавици своето место го најдоа и во новита дизајнерска визија ширум светот. Дизајнерите во Лондон, Париз и Њујорк го вметнаа овој аксесоар во своите нови колекции и со тоа направија вистински камбек на едно од вечните евергрини во модниот свет.

Објавено:
1 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци