Пролетта и календарски и со температурите ни се доближува сè повеќе. Во пресрет токму на убавото време, кога сите ќе излеземе од чизмите, ние ви обрнуваме внимание на чевлите што ќе бидат хит и оваа пролет.

Се работи за рамни обувки, односно мокасини. Тие се совршени за претстојниот период бидејќи одговараат на речиси секоја комбинација. Одличен избор се за со деловни комбинации, но подеднакво добро стојат и на урбани, а лежерни комбинации што подразбираат џинс, дуксер, маица и јакна...

Најзастапени се во црна боја, но подеднакво добар избор се и беж нијансите, како и црвени, сини или било која друга боја која се вклопува во вашиот личен стил.

Во продолжение погледнете дел од примерите и доколку сè уште не сте си купиле едни, време е да инвестирате:

Објавено:
1 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
6.714 пати