Училишните ранчиња оддамна не се резервирани само за учениците и студентите, благодарение на бројните стилски модификации со кои станаа омилени во модниот свет.

Многу често ранците ја преземаат функцијата на чантите, па особено во уличната мода се популарни во најразлични варијанти на големини, форми и дезени.

Иако не се новитет на модната сцена, сепак последниве неколку сезони изборот станува се побогат.
Покрај тоа што се практичен избор и може да ги соберат сите неопходни предмети во секојдневното функционирање, исто така се одличен моден додаток кој ќе го освежи аутфитот.

Може да избирате помеѓу мини кожени ранчиња, џинс комбинации со нитни, такви со шарени дезени или графички принтови, а во галеријата во продолжение селектиравме неколку инспиративни парчиња.

Објавено:
10 ноември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
899 пати