Оние што сакаат необични работи или посакувале некогаш да се чувствуваат како ангели, дефинитивно ќе бидат воодушевени од овој моден додаток.

Се работи за ранец, кој на себе има крилја.  Зад овој изум стои Олга Котова. Во нејзината работилница „Orange CAT“ изработува необични модни додатоци, а овој ранец конкретно е направен од филц. Во внатрешноста има практични прегради и џебови, а рачките за рачките за рамениците можат да варираат во должина.

Врз него потоа се зашиени овие ангелски крилја исто така од филц, со што ранецот не добива на тежина. Имајќи предвид дека пердувите веќе неколку сезони се апсолутен хит на модните писти, нема сомнение дека спаѓа во едно од најпосакуваните парчиња, особено идеални за „уличниот“ изглед.

Објавено:
9 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
516 пати
Извор: 
boredpanda.com