Веќе некое време девојките ги заменија стилските чанти со „училишни“ ранци кои можат да соберат сѐ што ќе си замислите, а и се неверојатно стилски и модерни.

Грешите ако мислите дека нивната популарност се намали во студената сезона, напротив, оваа зима ранците доаѓаат во нови модели и бои.

За модната куќа Клое не треба многу да се зборува бидејќи е познато дека најубавите модни додатоци веќе неколку години наназад доаѓаат токму од таму.

Токму нивната популарна торба „Faye“ која неколку сезони наназад е една од омилените на светските трендсетерки, сезонава доаѓа во вид на ранче кое знаеме дека ќе го обожавате.

Она што го прави уште поубаво е сината боја и кожата од која е изработено како и популарниот додаток – кружниот синџир по кој инаку се познати чантите на Клое.

Дополнителна предност има и ремчето кое овозможува ранчето да го носите и како чанта преку рамо, што ќе направи да го користите во повеќе прилики.

Покрај сината боја, во моментов можете да набавите и такво во црна и беж нијанса.

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.421 пати