Различни начини како да ја стилизирате вашата свилена марама

26 јули 2022

Свилената марама е моден додаток кој ќе го најдете во речиси секој гардеробер, без разлика на стилот на личноста, а креативноста во нејзиното силизирање несомнено отвора врата кон безброј комбинации со кои ќе постигнете различен изглед секој ден.

Фото: Pinterest

Покрај најчестиот начин на стилизирање на марамата како шал околу вратот и преку рамената; како панделка околу главата; сплетена низ плетенка во косата или пак врзна околу рачката на чантата, свилената мрама ќе ја видите и трансформирана во топови, здолништa, турбани, итн. Потребна ви е само една марама и визија. Mожностите се бескрајни.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Социјалните мрежи, вклучително и мноштвото TikTok видеа се одличен извор на инспирација за тоа како да ја носите вашата свилена марама и да креирате различен изглед за различни пригоди. Но доколку ви е потребна дополнителна мотивација да се одлучите да експериментирате со неа, ние подготвувме галерија со инспиративни фотки.

Објавено:
26 јули 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.119 пати