Ријана, Паркер и Дан во хуманитарен проект на Фенди

19 февруари 2015

Италијанската модна куќа  Фенди ќе организира хуманитарна аукција по повод отворањето на својот нов продажен салон во Њујорк, според информациите на онлајн магазинот Buro 24/7.

Во овој проект се  вклучени и неколку значајни светски имиња меѓу кои и: Ријана, Сара Џесика Паркер и  Џордан Дан, кои дизајнираа свои Фенди чанти кои ќе бидат продавани на хуманитарна аукција закажана за 13. Март. Средствата кои ќе бидат собрани за време на аукцијата, ќе бидат донирани во хуманитарни цели на места кои ќе ги посочат самите креаторки-гостинки во проектот.

Ријана креираше мини црна кожена чанта со кратка рачка, декорирана со првата буква од името на брендот во сиви тонови.

Во својата верзија за Фенди чанта, Сара Џесика Паркер направи интересен микс на бои, дезени и материјали. Комбинацијата од златна и светло виолетова боја изгледа привлечно и особено впечатливо, а во спојот на материјали користи сатен и кожа.

Топ моделот Џордан Дан не ја штедела својата креативност при дизајнирањето на својата Фенди-чанта. Основата е жолта, надополнета со зелена, а е порабена со црвена.

 

Објавено:
19 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци