Рири има нова колекција чевли за Маноло Бланик

22 јуни 2017

Ако веќе го гледавте новиот видео запис на мега популарната Ријана за „Wild Thoughts", сигурно ги забележавте „гладијаторките" на високи потпетици што ги носи во неколку сцени.

Vevo

Токму во ова видео Ријана премиерно ги прикажа чевлите од нејзината нова колекција за брендот Маноло Бланик.

Courtesy Manolo Blahnik

Колекцијата е насловена „So Stoned" што воопшто нема да ги изненади нејзините фанови со огледна тоа дека е општо познато дека пејачката често консумира марихуана.

Rihanna x Manolo Blahnik's "Poison Ivy" style. Richard Green

Колекцијата се состои од четири пара чевли: Poison Ivy – гладијаторки,
Bajan Princess – чевли на високи потпетици, Spice – кломпи со средно високи потпетици и Purple Chalice – сандали на висока потпетица со ременче околу глуждот.

Courtesy Manolo Blahnik

Заедничко за сите нив е тоа што се изработени од PVC и се украсени со колоритни сваровски кристали.

Чинат од 1.325 до 2.325 долари, а ќе бидат пуштени во продажба на 6-ти јули.

 

Објавено:
22 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
293 пати