Ако судиме според моделите кои доминираат по социјалните мрежи, летово ќе биде во знакот на гламурот.

Постојат неколку доминантни трендови за актуелната сезона и месеците што ни претстојат.

Еден од нив се обувките со украсни камчиња.

Сандали и влечки кои имаат впечатлив гламурозен дел ќе го направат секој стајлинг доминантен.

Слична варијанта се и оние со ремчиња од штрас. Ако навистина сакате да вметнете дополнителна доза сексапил во летните денови, тогаш посегнете по некој од моделите со ваква естетика.

Од друга страна, не се запоставени ниту моделите кои даваат предност на елеганцијата, префинетоста и удобноста - сандали и влечки со ниска потпетица и шпицест врв. Веруваме дека ова ги радува и високите жени, кои да бидеме искрени, во еден период воопшто не можеа да најдат обувки на пониска потпетица.

Металик нијансите се добредојдени за лето, а токму такви ќе бидат „ин“ во месеците што претстојат. Доза егзотичност секогаш е добредојдена. За која нијанса ќе се одлучите, тоа оставаме на вас и на вашиот сензибилитет.

Меѓу трендовите се и беж нијанси, четириаголна форма во предниот дел на обувките, како и оние со ултра тенки ремчиња.

Интензивните бои се совршени за оние што не сакаат монотоност, па летово можете да посегнете по богати виолетови нијанси, жолти, розови, црвени...

И винилот, или таканаречените „транспарентни“ обувки најдоа место меѓу трендовите, па доколку ви се допаѓа и таквата естетика, еве шанса да ја носите почесто. 

Во продолжение погледнете уште неколку предлози. Дел од моделите можете да ги најдете и на линкот тука.

Објавено:
18 мај 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.989 пати
Тагови: 
сандали лето