Сандали што ќе посакате да ги имате оваа пролет

29 февруари 2016

Отсекогаш, па и денеска, дамите ширум светот го обожуваат италијанските дизајни кога станува збор за чевли, а во последно време меѓу омилените се Аквазура, Серџо Роси и Џузепе Заноти.

Пред неколку години, на сцената се појави една исклучителна италијанска дизајнерка Паола Кадерматори која во 2011 ја лансираше првата колекција чанти, а по големиот интерес таа во 2015 – тата создаде и фантастична колекција чевли.

Токму нејзината колекција чевли за многу кратко време наиде на огромен интерес кај девојките, па така моделите на Паола можеме да ги видиме кај бројни светски блогерки, актерки и пејачки.

Она по што тие се посебни е неверојатниот колорит и ведрина со кои изобилуваат, ресите што таа им ги додава и аксесоарите како бисери и светки што девојките сѐ повеќе ги обожаваат.

За оваа пролет, дизајнерката нуди два совршени модели сандали од кои едните на висока потпетица, а другите сосема удобни за сите пригоди.

На црвениот килим можевме веќе да ги видиме кај холивудската ѕвезда Џенуари Џоунс, а во истите ужива и познатата блогерка Леандра Медин.

Објавено:
29 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
6.141 пати