Сандалите на Пјер Харди за првите есенски денови

29 август 2015

Ако пролетта ја одбележаа сандалите и воопшто чевлите на Алтузара и колоритната Софија Вебстер, оваа есен ќе помине во знакот на уникатниот Пјер Харди.

Откако Ријана прва ги облече неговите есенски сандали со реси, девојките ширум светот полудеа по неговите шармантни дизајни.

Моделот со реси од квалитетна кожа во неколку бои ги преплави социјалните мрежи и за многу кратко време стана најпродаваниот на дизајнерот со седиште во Париз.

Модните магазини и он – лајн портали го прогласија овој модел за најпопуларен за есенва, а во тоа само придонесоа и бројните ѕвезди што постојано ги промовираат чевлите на Харди.

Имено, овој одличен дизајнер долги години работеше заедно со Николас Гескјер со кого ги изработуваа магичните чевли за модната куќа Баленсијага.

На своите клиентки, оваа есен тој им го нуди популарниот модел сандали со реси во три варијации на бои – зелена, сина и неверојатно популарната розова.

Во продолжение, погледнете и дел од неговите постари модели кои се подеднакво прекрасни.

И да, новиот модел сандали со реси можете да го набавите по цена од 750 евра.

Објавено:
29 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.325 пати