Сара Џесика Паркер ја најави втората колекција чевли

22 август 2014

2

Откако првата колекција чевли со потпис на Сара Џесика Паркер се покажа како успешна, Nordstrom одлучи да ја продолжи соработката со американската актерка. Втората колекција, на воодушевување на сите нејзини обожаватели, треба да излезе во септември, а ќе биде пропратена и со неколку модели на чанти.

Првата колекција беше опишана како мошне оригинална, така што очекувањата од втората се очекувано големи. Она по што ќе бидат различни новите обувки е тоа што нема да бидат во толку светли бои. Нијансите ќе бидат смирени, а ќе има и неколку чифта во актуелниот корален и виолетов флореален принт. Исто така, на инсистирање на Паркер, ќе биде застапена и црната, како и нијанси на кафна и сива.

Два од моделите ќе бидат посветени на костимографкта на „Сексот и градот“, Патриција Филд, како и на стилистот и фризерот Серж Норман, со кого Сара работи 24 години.

Обувките од втората колекција ќе чинат од 285 до 695 долари, а чантите ќе чинат нешто помалку од 500 долари.

Во продолжение погледнете дел од најавните модели за претстојната колекција.

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци