Кон крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум, исклучително беа популарни очилата за сонце во боја. Ги носеа светски познатите ѕвезди - Џастин Тимберлејк, Анастејжа, Бритни Спирс, а и оние кај нас - Врчак, девојките од П.С., Ребека беа само некои од нив.

Беа ултра популарни, а сега повторно се враќаат на модната сцена.

Главно, инспирацијата се 70-тите, а очилата во боја доаѓаат во различни форми - од тесни и долгнавести, до оние во форма на круг или пак во форма на срце, пеперутка... Меѓу првите што го прифатија трендот беа од „Гучи“, а потоа и другите модни трендови меѓу кои „Клое“, „Миу Миу“...

Ако сакате да ѝ додадете на пролетта, па и летото, нова боја, тогаш одлучете се за ваков моден додаток.

За инспирација, погледнете ги фотографиите во продолжение:

Објавено:
30 март 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
884 пати