Шал-ќебе: Ефективен моден додаток за цела сезона

29 октомври 2020

Топол, мек и со бројни можности за комбинирање, шалот-ќебе е ефективен и практичен моден додаток што има моќ да го промени вашиот аутфит, а притоа не треба многу да се инвестира.

Затоа неговата популарност низ сезоните останува константна и секоја есен-зима е еден од омилените модни додатоци што имаат функција и да нѐ топлат, но и да нѐ дотерат.

Памучен, волнен, плетен – изборот на материјали е атрактивен, а пропратен и со лепеза на бои, дезени, принтови или различни украсни детали.

Постојат бројни варијации и кога е во прашање начинот како го носиме: во неколку слоеви околу врат, наметнат на рамената, со ремен што го потенцира струкот итн.

Уште еден поен плус е што перфектно ги надополнува и актуелните слоевити комбинации.

Стилски сме подготвени за пониски температури – доколклу барате инспирација, ѕирнете во фото галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
29 октомври 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.897 пати