Последните денови од годинава речиси сите дизајнери ги објавуваат своите пролетни кампањи на кои работеле изминативе месеци, а една неодолива деновиве промовираше и Џузепе Заноти. 

Фотографирани од Марио Соренти, моделите Грејс Харцел и Кејлеб Реслер позираат во младешки стајлинзи и шик чевли од брендот во комбинација со стилски чанти. 

„Сакав кампањата да биде навистина филмска, интензивна и емотивна. Сите фотографии се олицетворение на нов вид реализам, нов вид на една посебна убавина“, вели дизајнерот. 

Во неговата пролетна колекција ќе пронајдете кожени сандали во прекрасна зелена боја, шик црни чевли со ремчиња и сребрена потпетица, сандали во црвена и кафена нијанса, но и модерни и уникатни машки чевли. 

 

Објавено:
25 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
754 пати