Читајќи текстови за обувки, веројатно сте се сретнале со „Стилето“ обувки и уште повеќе, сте мислеле дека се работи за салонки.

Ако под „салонки“ подразбирате чевла со затворени прсти и пета, а притоа се на високи потпетици, тогаш да, салонките можат да бидат стилето.

Она, најголемата и важна карактеристика на стилето чевлите не е само што имаат висока потпетица (од 7 см па сè до 25 см), туку што таа потпетица е исклучително тенка.

И додека оние со пониска потпетица (до 7см) можете да ги носите секојдневно и во формални пригоди, стилето обувките оставете ги исклучиво за вечерни, свечени пригоди.

Жените ги обожуваат бидејќи визуелно ги прават повисоки и ги издолжуваат нозете, а и се симбол за сексапил, заводливост и женственост.

За популарноста на овој тип обувки е заслужен Роџер Вивер, особено во текот на 1950-тите. Денеска, поим за стилето се обувките креирани од Кристијан Лубутан.

Велат, кога жената еднаш ќе ги облече, се вљубува во нив и веќе не се разделува. Секако, под услов да знае да оди во нив.

Објавено:
10 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.670 пати