Синџир-ѓерданот е накитот кој ги победи сите други модни трендови во 2020

23 декември 2020

Годинава на изминување не беше нешто посебно блескава за модните бизниси. Сепак, и покрај тоа што поголемиот дел од 2020 го поминавме дома, еден тренд дефинитивно издоминира. И не, не се перниците со ремен, кои доживеаја пет минути слава пролетта.

Се работи за ѓерданот како синџир. Многумина сметаат дека ова парче накит совршено ја опишува годината со која наскоро ќе се поздравиме - заробена во пандемискиот синџир на болест, мерки, страв итн...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MOOI | Jewerly (@mooi.gr)

 

Од друга страна, ова е парчето накит кое многумина од жените што ги одржуваа состаноците преку „Зум“ и останатите онлајн платформи го искористија за да го подобрат својот стајлинг.

Впечатливо е, а сепак со едноставен дизајн. Совршено се вклопува и на комбинации со кошула, маици и фустани со V-израз, но ролки. Без разлика што вратот ви е покриен, ѓерданот ќе се вклопи во таа модна приказна. Можеби пред години ова ќе се сметаше како тотален невкус, но сега тркалото се смени, па се носи и преку облека.

Ако се' уште немате идеја како да го комбинирате, еве неколку предлози во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dannie Moore (@danniemoores)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Houla Jewelry (@houlajewelry)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@withmerci16)

 

Објавено:
23 декември 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
673 пати