Синџирите за тело се моден тренд кој зема замав. Летото е идеално за ваков моден додаток, но може да се вклопи и во „покласични“ парчиња.

Со нив можете да добиете елегантен и единствен изглед, секако, доколку правилно ги искомбинирате. Едноставен црн фустан, или маички со отворен грб или раменици, можат одлично да се вклопат со овој моден додаток.

Ако одлучите да ги комбинирате со кус топ, при што стомакот ќе ви биде гол, мора да ве потсетиме дека би требало да сте во добра форма. Тоа што го гледате на Бијонсе или Ријана, не секогаш добро функционира на нашите тела.

Затоа, одберете ја омилената форма на синџир и вистинската комбинација со која ќе го истакнете добриот вкус.

Еве неколку предлози во продолжение:

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци