Како еден од најголемите обожаватели на Војна на ѕвездите, Карл Лагерфелд не чекаше долго по премиерата за да ги презентира неговите нови модни додатоци во кои девојките се заљубија на прв поглед.

Сосема очекувано, на истите ќе најдете и илустрација од неговиот и ликот на неговата мачка насликани на шик чантите, паричниците и приврзоците што се дел од колекцијата.

Во колекцијата модни додатоци тој смести и шик маичка на тема робот, за која веруваме дека ќе биде вистински хит меѓу трендсетерките.

Она што овој пат е особено убаво кај оваа колекција се боите што се движат од бела, па сѐ до крем, сина, пастелно розова и неизбежна црна.

Футуристичките модни додатоци веќе освоија бројни познати девојки низ светот, меѓу кои и прекрасната Џиџи Хадид која неодамна можевме да ја видиме со една од чантите.

Колекцијата е достапна на официјалната страница на брендот, а цените се движат од 49 па сѐ до 395 долари, пишува Buro 24/7.

Објавено:
2 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
375 пати