Дали некогаш сте се запрашале како младиот Луј Витон го градел својот успех и како успеал да ја зацврсти својата позиција во модниот свет? Пред се, мораме да кажеме дека скромноста се истакнува како најголема позитивна страна и основа за неговиот успех, а ние ќе ви презентираме седум факти за да ви го потврдиме истото..

1. Луј Витон пешачел 400 километри за да стигне до Париз кадепочнал да ја гради својата кариера. На патот до таму го изучувал занаетот.

2. Луј Витон Мателиер (професионално Луј Витон – произведувач на куфери) е името на првиот продажен салон кој во 1854 година бил отворен во Париз.

3. Трианон е првиот куфер со рамен затворач кој се отворал странично. Иако во денешно време тоа е најнормално, сепак Витон го популаризирал во 1858 година. Претходно сите куфери се отворале на предната страна и имале кружна форма за да бидат заштитени од дождот. Мајсторот на куферите ја обложил горната површина со водоотпорна ткаенина, а поради рамната површина многу било полесно да се местат куферите едни до други.

 

4. Најголем дел од производите на Луј Витон се изработуваат рачно. За чанта се потребни 15, а за куфер 30 часа.

5. Модната куќа повеќе од 140 години произведува куфери, патнички торби и чанти.  Првата линија облека беше претставена во 1998 година благодарение на Марк Џејкобс, кој година дена подоцна стана креативен директор на Витон.

6. Денес Луј Витон е најскапата луксузна модна куќа, но затоа има и најголем број фалсификати. Колку за информација, само 1% од производите со жиг вистински припаѓаат на Луј Витон.

7. Компанијата има филијали во 53 држави и 455 продажни салони во светот.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци