Слатки мачиња се главни ѕвезди во новиот едиторијал на Вог

25 март 2014

Конвенционалниот пристап се повеќе губи од своето значење, а доказ за тоа се овие преслатки мачиња кои се ѕвезди во новиот едиторијал на Вог. Интересната спојка на рамните чевли кои беа хит на модните ревии во модните престолнини и домашните миленичиња доведе до создавање на овој интересен проект.

Пролетните модели на чевли и интересните и спонтани реакции на мачките се одлично овековечени во новиот едиторијал, кој сигурно ќе изнуди насмевка на лицата на милиони читатели на модниот магазин.

 

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци