Без разлика дали немате време да ја средите косата наутро или пак едноставно сакате да додадете нешто плус, постои еден моден додаток што ќе ви заврши голема работа.

Она што задолжително морате да го имате во торбичката за накит е дефинитивно впечатлива мини шнола која секогаш треба да ви биде при рака.

Истата ќе го збогати секој ваш изглед, без разлика дали косата ја носите пуштена, во репче или пак некоја висока пунџа.

За разлика од ластичињата, шнолите не ја оштетуваат косата, а оваа сезона можете да ја најдете во безброј варијанти, особено во овој претпразничен период.

Познатиот моден бренд Гучи некаде кон почетокот на годината ги популаризираше овие шноли, па оттогаш истите се хит на голем број ревии, но и на социјалните мрежи.

Одлични се и за во оние денови кога не можете да ја скротите косата, а морате да присуствувате на некој настан или едноставно, да се појавите на работа.

Инспирирајте се веќе за следниот настан погоре во галеријата, а одберете и некоја која ќе ви послужи да блеснете и во секојдневието.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
21 декември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
918 пати