Совршени: Новите чанти на Елена Лука се новиот омилен моден додаток на современите жени

29 април 2021

Барате чанта која ќе одговара на сите ваши потреби - да биде во голема димензија, да биде практична, квалитетна и естетски совршена?

Токму такви се новите модели од домашниот етаблиран бренд Елена Лука.

Имајќи ја современата и модерна жена во фокус на инспирацијата, оттаму презентираат нови модели на чанти кои ќе ги обединат сите елементи кои жената ги бара во ваков моден додаток.

Новите чанти се изработени од висококвалитетен материјал, со уникатен дизајн, збогатен од едната страна со нитни, кои оформуваат уникатен дизајн, што ги прави уште повпечатливи. Внатрешноста е брендирана и создадена од водоотпорен материјал, така што се работи за комплетно квалитетен производ.

Се работи за custom-made производ изработен во странство специјално за модната куќа, со што Елена Лука повторно го крева нивото на пласирање на производите, а истовремено уште еднаш покажува почит кон своите потрошувачи овозможувајќи им нешто ново, квалитетно, дизајнерско и уникатно!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

- Изминатиов период работевме посветено, сакајќи да ги израдуваме нашите бројни почитувачи со нови производи. Чантите се достапни во две големини, а има три модели. Жените што го преферираат деловниот стил ќе го пронајдат својот нов омилен моден додаток во големата чанта со цврсти рачки, додека пак оние што сакаат нешто поелегантно ќе имаат можност да си одберат плик-модел, односно мала чанта со синџир - велат од Елена Лука.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

Чантите се достапни дури во пет бои - бела, пастелно розова, беж, црна и кафена - палета која ги задоволува речиси сите вкусови и е идеална за разни комбинации.

Дел од новите модели веќе се достапни во салоните на Елена Лука во Капиштец, ГТЦ и населба Аеродром, како и на онлајн продавницата - elenaluka.com.

Од модната куќа споделија и уште една возбудлива информација - наскоро следи дополнување на колекцијата чанти со колекција чевли. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

- Се работи за четири нови модели обувки, за сечиј стил и вкус. Тие се продолжение на оваа приказна која почнавме да ја пласираме, па чевлите ќе бидат достапни во четири бои и прават одлична композиција на чантите. Но, не застануваме тука! Наскоро ќе откриеме и нови парчиња облека, со што шопинг искуството и изгледот на дамите во пролет ќе ги направиме комплетни! Жените се нашата инспирација секогаш и затоа несебично се трудиме да им понудиме нешто препознатливо, модерно, дамско..., а така ќе биде и овој пат - дополнуваат од модната куќа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

Имајќи ги сите овие информации предвид, нè чека возбудлива сезона во Елена Лука.

Следете ги нивните профили на социјалните мрежи и бидете во тек со сите новитети! 

 

  

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.188 пати