Стилски чанти од Луј Витон за елегантна пролет

28 април 2016

Новото заштитно лице на француската модна куќа Луј Витон, Бонд девојката Леа Сејду се покажа како одличен избор на брендот за нивната нова кампања фантастични чанти.

Со минимална шминка и стилски комбинации, прекрасната актерка на светот му ги презентира новите чанти со кои брендот ги освојува девојките оваа пролет.

Овој пат, кампањата е снимена на прекрасна локација, која за разлика од претходните егзотични дестинации што брендот ги одбираше, е многу едноставна и обоена во пастелни бои.

Префинетата и елегантна естетика на модната куќа уште еднаш се потврдува со изборот на оваа прекрасна актерка која полека, но сигурно го освојува Холивуд.

Сејду можеме да ја видиме во многу едноставни, но истовремено неверојатно стилски стајлинзи од модната куќа, меѓу кои и кожено здолниште, црна ролка, темно син костим, тантелно црно фустанче, лелеаво со цветен принт и уште неколку други.

Што се однесува до чантите, тие се приказна за себе! Како и секогаш, тимот дизајнери го создаде она што вистински им е потребно на жените – стилски и истовремено волуменозни чанти направени од супер материјали во бои кои ја најавуваат претстојната топла сезона.

 

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
771 пати