Дизајнерот на чевли, Стјуарт Вајцман презентираше два нови модела, како дел од пролетната кампања за 2017 година, со што на списокот на обожавателите на модата, додаде нови омилени обувки.
Се работи за патики, кои потсетуваат на мокасини и се украсени со бисери и кристали на горната страна.
Другиот модел се чизми со должина над глуждот, кои доаѓаат во три варијанти – од сатен, кадифе и кожа и тоа во беж, црна и црвена боја.
За заштитно лице е ангажирана секако Џиџи Хадид, која во соработка со Вајцман дизајнираше посебен модел чизми, при што посочи дека сите средствата од продажбата ќе бидат наменети за изградба на три училишта кои брендот планира да ги изгради во Гана, Гватемала и Лаос.
Новите фотографии се црно-бели, а за нив беше задолжен Марио Тестино.
Во продолжение погледнете го и краткото видео: