Свежа и женствена колекција костими за капење од Women'secret

12 мај 2017

Деновите стануваат подолги, температурите повисоки, а желбата да излеземе и да се забавуваме сè поголема. Да, доаѓа летото! Она време од годината кога сите мислат на плажа, море и се разбира костимите за капење на Women'secret.

Оваа сезона Women'secret ги води купувачите низ летото со колекција на костими за капење и колекција која нуди многу различни стилови, што дава одлична можност за безброј комбинации. Централно парче, без сомневање, е костимот за капење, прилагодлив и за утрата на плажа и за вечерните морски забави.
Светкавите парчиња носат доза на софистицираност и елеганција, а доаѓаат во светли бои и материјали кои на природен и удобен начин ги истакнуваат облините. За романтичен изглед Women'secret предлага специјални материјали како тантела за секси, деликатен и безвремен изглед.

Women'secret секогаш ги има последните трендови кај костимите за капење, а оваа сезона тоа се лентите на стратегиски места на телото со што се истакнува фигурата, а одредени делови од кожата суптилно се покажуваат. Уште еден интересен елемент оваа сезона се парчињата кои може да се носат на неколку различни начини и со кои се креира ултра женствен изглед кој се адаптира на телото.

Свежа, версатилна и женствена колекција во која секоја жена ќе се чувствува удобно, убаво и секси во текот на целото лето.

*Спонзорирана објава

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
734 пати