Свилени марами: Модните додатоци кои ја најавуваат пролетта и како да ги носите

19 февруари 2021

Свилените марами како моден додаток, не само што ја најавуваат промената на сезоната, од зима во пролет, туку ја тестираат и креативноста. Околу вратот, во косата, на струкот или на чантата - постојат безброј начини како да ја носите свилената марама овој период, а истата ќе даде малку боја и шаренило на претежно монохроматските зимски изгледи. Свилените марами во себе имаат една софистицирана нишка, па не за џабе се омилени кај дамите како Кралицата Елизабета, Грејс Кели, Одри Хепберн.

Ова се само неколку предлози како да ги  носите свилените марами и да внесете свежина во сопствениот изглед.

ВРЗЕТЕ ЈА МАРАМАТА ОКОЛУ ВРАТОТ ВО НЕКОЛКУ ЈАЗЛИ

ВРЗЕТЕ ЈА ОКОЛУ РЕМЕНОТ ИЛИ ДРШКАТА НА ЧАНТАТА

НОЗЕТЕ ЈА ВРЗАНА НА ГЛАВАТА

ОБВИТКАЈТЕ ГО СРЕДНИОТ КОК И НОСЕТЕ ЈА КАКО ДОДАТОК ЗА КОСА

ВРЗЕТЕ ЈА ОКОЛУ ОПАВЧЕТО

Објавено:
19 февруари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.388 пати