Посакувавте да имате еден пар чевли, а да ги менувате потпетиците по потреба? Епа таа желба на многу жени им ја исполни дизајнерката Тања Хил.

Таа ги спои привлечниот дизајн и удобноста.

Чевлите дизајнирани од Хил вклучуваат механизам на петата, кој овозможува да ги менувате потпетиците.

На дизајнот работеле 14 инженери, што довело до крајниот резултат со само едно копче, рамните удобни чевли да ги претворите во секси обувки на висока потпетица. И обратно.

Цената на обувките се движи од 350 евра, а онаа на потпетиците од 35 до 70 евра.

На линкот овде можете да ги видите сите модели на чевли, а овде на потпетици.

Објавено:
7 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци