Кристијан Лубутан
Доколку ги следите актуелните фотографии од улична мода низ модните метрополи или пак го насочите вниманието кон изгледите на црвените килими, сигурно сте забележале дека доминантен модел на чевли кои доминираат се токму салонките. Без разлика на трендовите кај чевлите кои се менуваат од сезона во сезона, овој модел е незаменливо парче во гардероберот на сите девојки.
Софија Вебстер
Доколку мислевте дека е неопходно да носите само чевли со високи потпетици, дизајнерите најавија женствена сензуалност со класични модели на салонки на кои преовладуваат помалата потпетица, за добивање на впечаток на вистинска дама. Овој модел на чевли придонесува за визуелно издолжување на нозете и одлично се комбинира како со фармерки, така и со вечерни тоалети. Во продолжение погледнете ги 15-те дизајнерски модели на салонки кои се апсолутен хит сезонава.