Познатиот бренд Tiffany&Co. секогаш знае да ги разгали жените со совршени парчиња накит. Тие секоја година, уште од 1845, прават таканаречена „Blue Book“ колекција, составена од уникатни парчиња, со скапоцени камења, а создадени со неверојатна вештина на обликување.

Оваа година традицијата продолжи, а колекцијата е насловена како „Jewelry Box“. Природата е инспирација,а накитот ќе ве воодушеви.

Од она што досега е презентирано, создадена е пеперутка со крилја обложени со сафири и дијаманти, како и цветови со скапоцени камења. 

Брошот во форма на вилинско коњче е нешто што сигурни сме секоја дама со стил би го посакала. Сите парчиња се осмислени да бидат функционални и носливи.

Она што уште повеќе ги прави вредни, покрај скапоцените камења, е вниманието, дизајнерскиот израз и вештината со која се создадени.

Брендот на својот инстаграм профил ги покажа и дизајнерските скици и готовите производи, па одвојте некоја секунда од времето за воодушевување:

 

 

 

 

 

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
673 пати
Тагови: 
накит Tiffany&Co