За претстојната сезона Том Форд ќе понуди колекција високи и ниски модели на патики и тоа седум кожени модели и четири од кадифе. Чевлите се изработуваат во италијанска работилница. Процесот на нивно производство трае најмалку 10 дена, а последен дел е рачното полирање кое трае три дена.

Двата модели и кадифените и кожените се обложени со гумен ѓон, а цените ќе варираат од 690 до 990 долари за еден пар. Чевлите ќе може да се набават во продажните салони на Том Форд во Њујорк, Лас Вегас, Лос Анџелес, Чикаго и Далас. Том Форд уште во јануари откри дека ќе започне со производство на чевли, а сега веќе официјално потврди дека е започната реализацијата на проектот.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци