Во 1980-тите ги викавме „бубрези“, и можеби си мислевте дека никогаш повеќе нема да ги видите, но овие чанти се вратија на модната сцена во голем стил.

Дури, ако се сеќавате, во „Сексот и градот“ Кери Бредшо, па и Саманта носеа варијанта на овие модни додатоци.

Денеска се нарекува ремен-чанта и е апсолутен моден хит. За неговата популаризација во голема мера придонсе и брендот „Таргет“, но и познатите ѕвезди кои, по сè изгледа ја обожаваат –Кортни Кардашијан, Елизабет Бенкс, Кендал Џенер се само дел од нив.

Една од најголемите предности е што рацете ви се секогаш слободни, ништо не ви тежи, дури и е практично – ги ставате најнеопходните работи, а воедно е моден додаток што може да ви го разубави стајлингот.

Имаат и нови форми, од оние што веќе ни се познати од 1980-тите, па сè до геометриски. Можат да бидат еднобојни или со принт, а во тој случај животинскиот е најпопуларен.

Во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се:

 

Објавено:
23 мај 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
369 пати