Доколку сезонава сте во потрага по уникатен чифт чевли, тогаш Стјуарт Вајцман ја заврши работата за вас. Дизајнерот ги направи најпосакуваните сандали за сезонава и тоа во неодолива жолта боја како вистински хит пролетва.

Сосема очекувано, некои од најголемите трендсетерки во моментов веќе го имаат својот модел и ги комбинираат на најдобар можен начин.

Викендов дизајнерот организираше и ѕвездена вечера на која ги повика сите познати убавици и трендсетерки кои се појавија во истиот модел сандали со што уште еднаш се потврди дека чевлите ќе бидат огромен хит.

Истите се многу едноставни, односно направени се од кожа со две ремчиња и удобна дебела потпетица.

Девојките ги комбинираа со навистина интересни стајлинзи – некои од нив одбраа неутрални бои, додека Еми Росум и Соланж Ноулс се појавија во вистински пролетни комбинации.

Сандалите чинат околу 400 евра, па доколку имате расположливи средства од вашиот буџет, денеска е убав ден за нарачка!

Објавено:
12 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
7.005 пати