Уникатна пролетна колекција на брендот Parfois

20 февруари 2016

Познатиот португалскиот бренд Parfois кој секогаш е познат по колоритниот накит и прекрасните модни додатоци, има нова, одлична колекција за пролет – лето 2016.

Речиси сите парчиња од колекцијата се употребени во магичниот топол едиторијал што го направи брендот, едноставно насловен како „На патување“.

Еден од најголемите трендови што брендот ги предлага за следната сезона се чантите со шик принт, меѓу кои и тропски листови и мини чантички со насликани животни.

Дел од колекцијата се и неверојатно добри модели на обетки со реси што совршено ќе го надополнат вашиот изглед оваа пролет.

Подеднакво добри се и колоритните етно ѓердани со мониста, пердуви и камења во боја.

За оние што не се големи обожаватели на шарените парчиња, тимот дизајнери претстави и неколку модели како обетки и ѓердани во златна и сребрена боја, но и нашите омилени ланчиња за на грб.

Погледнете ја целата колекција во галеријата и подновете се со некое парче!

Објавено:
20 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.676 пати