Најубавите костими за капење што ќе ги носиме ова лето!

15 март 2019

Иако до летото има уште неколку месеци, никогаш не е прерано да почнеме да се подготвуваме за омилениот период од годината.

Познатите дизајнери и high street брендовите веќе ги лансираа нивните колекции со костими за капење, а со тоа нѝ ја разбудија и желбата за уживање на море и плажа.

Како за почеток, издвојуваме две шик колекции кои знаеме дека ќе ви се допаднат, а ќе посакате дел од нивните парчиња веднаш да се најдат во вашиот плакар.

Прва е колекцијата на брендот Cult Gaia кој во соработка со бразилската дизајнерка Адриана Дегреас создаде бајковити костими за капење во кои знаеме дека веднаш ќе се вљубите.

Од она што можеме да го видиме, брендот кој создава исклучиво ресорт колекции и парчиња за лето, оваа топла сезона вистински хит ќе бидат костимите со отвори од страните, како и со интересни детали.

Во колекцијата може да најдете дводелни и едноделни модели во прекрасни бои како темно зелена, бела, црвена, розова, но има дел и со неодоливи тропски принтови.

Подеднакво неодоливи се и костимите за капење од колекцијата на Lea the Label кои се направени од целосно рециклирани материјали, односно во случајов, од фрлени рибарски мрежи.

Она што е интересно е тоа што токму од овие рибарски мрежи, во Италија се создава висококвалитетен материјал кој е водоотпорен, нешто што е одлично кога говориме за костими за капење.

Што се однесува до моделите, и кај овој бренд најмногу застапени се оние со интересни отвори од страните и претежно се дводелни.

Кој е вашиот фаворит?

Инфо и фото: Buro 24/7.hr

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
429 пати