Модните гиганти го одредија новиот тренд за престојната есенска сезона.
Можеби не очекувавте, но најверојатно ќе треба да ја освежите вашата колекција од модни додатоци со уште едно парче кое зрачи ретро шарм и кое несомнено го одбележа вашето детство.
Според она што имавме можност да го забележиме на неодамнешните ревии на модните куќи како Диор и Роксанда, главната декорација за вашата коса оваа есен ќе бидат венчињата.
View this post on Instagram
Убавината на овој едноставен моден додаток е токму во неговата моќ да се трансформира и можност да се комбинира на начини кои ќе соодветсвуваат со различни модни стилови и вкусови.
Без разлика дали ќе се одлучите да го инкорпорирате во вашиот изглед како елегантна декорација или пак ќе се вљубите во неговата практична примена во денови кога вашата коса „не сака да игра по ваши правила", венчето за коса најверојатно ќе стане ваш омилен моден детаљ во наредниот период.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
Венчињата за коса доаѓаат во безброј различни модели, материјали, бои и дезени, што секако го олеснува процесот на комплетирање на посакуваниот изглед. Пластични, метални, обвиени во сатен, кадифе или памучен материјал, дополнети со панделки, циркони или бисери, изборот е навистина бескраен, а со тоа можете да бидете сигурни дека ќе го имате вистинското парче при рака без разлика на тоа дали се подготвувате за дневни дружби со пријателите, работа, или пак вечерни излегувања.
Фото: Pinterest