Винтиџ чантите на Луј Витон на онлајн продажба

4 јули 2013

Водечката онлајн продавница на територијата за Централна и Источна Европа, Fashion Days подготвува голема понуда за сите модни фанатици. Од денес, 4-јули, започнува продажбата на чанти на еден од најлуксузните брендови во светот, Луј Витон. Кампањата ќе трае четири дена и единствено клиентите на овој онлајн шоп ќе можат да ја имаат таа привилегија да си ја збогатат својата колекција со една од стоте дизајнерски чанти.  Лимитираната линија вклучува серија модели од 1980-тите и 1990-тите, кои иако носат незабележливи лузни од  едно време, сепак  чантите пленат со ненамидлива класика.

 

 

Секоја од овие чанти била искористена на модните ревии, како и од различни познати и влијателни сопственици, факт кој дополнително ја покачува нејзината колекционерска вредност, претворајќи ја во уникат за кој мечтае секоја дама. Важно е да се напомене дека автентичноста на чантите  е загарантирана со сериски број, што всушност е практика што брендот  ја користи од 1980-тите години, а исто така и нивното купување ќе може да се изврши само преку банкарска картичка.

 

 

 

Луј Витон е едно од имињата за кое не ни треба никаков вовед. Шест пати е прогласуван за најлуксузан бренд во светот на модата, а неговите иницијали ЛВ дејствуваат како апсолутен магнет за модните експерти. Иако неговиот асортиман вклучува и накит, чевли, часовници, овој бренд го носи ореолот на икона токму поради своите чанти. Не постои светска ѕвезда од рангот на Анџелина Џоли, Ријана, Ева Лонгорија, Опра Винфри и др., која во својот орман не поседува една од овие оригинални чанти.

 

 

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци