Александра Вељановска Винтиџ естетиката многу често служи за инспирација и се применува во современиот моден дизајн во нова, модифицирана верзија. Токму винтиџ стилот беше инспирација за втората колекција накит на младата дизајнерка Александра Вељановска која твори под "Ikoniya Hand Made Acsesorise".

Колекцијата е насловена „Simply Me" алудирајќи на тоа дека при создавањето на истата, дизајнерката се водела од својот личен стил и од својот карактер.

„Колекцијата е инспирирана од винтиџ накитот со нота на она што јас во себе го носам како личност. Целата идеја се преточи во една интересна колекција, која содржи четириесет и пет парчиња накит: комбинирани сетови, ланчиња, огрлици, обетки... ", вели дизајнерката.

При изработката на колекцијата користени се челични жици, ланци, стаклени мониста во богат колорит со што истата добива еден живописен карактер.

Инаку ова е втора, самостојна колекција накит што рачно го изработи Александра. Првата колекција насловена „Lady" ја промовираше минатата година на самостојна изложба.

Наскоро Александра најавува нови проекти на кои ќе твори и под друго име.

 

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
232 пати