Можеби веднаш ќе помислите дека висечките модели на обетки никогаш и не излегле од мода, но доколку подетално ги разгледувате  идеите на светските дизајнери на накит, сигурно сте го забележале нивното отсуство.

Кај нас жените и девојките посебно ги обожаваат ваквите модели за комплетирање на изгледот за свечености. Токму за овој празничен период познатите и луксузни брендови во својата понуда вклучуваат нови „глам“ висечки обетки кои се масивни и впечатливи.

Erickson Beamon Erickson Beamon

Она на што исклучително треба да внимавате токму за празничните изгледи е да не претерувате со накитот. Ако се одлучите да носите некој сличен модел на обетки, тогаш елиминирајте ја помислата да ставите на себе дополнително парче.

Сведете ја комбинацијата со акцент само на одреден аксесоар, а масивните обетки дозволете да бидат откриени и да доминираат со тоа што косата ќе ви биде собрана. Погледнете неколку нови модели на висечки обетки.

 

Dori Csengeri Dori Csengeri

Eddie Borgo Eddie Borgo

Iosselliani Iosselliani

Jacqueline Cullen Jacqueline Cullen

Lucia Odescalchi Lucia Odescalchi

Monique Péan Monique Péan

 

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Модни додатоци