Високи чизми носиме и оваа сезона – еве ги најпопуларните модели

9 октомври 2020

Во подготовките на плакарот за сезоната есен-зима, неизбежни се и добар пар чизми.

Иако од година во година трендовите се менуваат, сепак класиката останува константа која значи сигурна инвестиција и безвременост.

Па меѓу тенденциите и оваа сезона, неколку класични и елегантни модели на чизми остануваат на врвот на листата омилени.

Тука ќе ги издвоиме високите чизми до или под колена, кои како модели варираат од такви на дебела или тенка ниска потпетица до висока и елегантна потпетица, во комбинација со патент или на врзување.

„Кроко" моделите, оние изработени од велур, како и набраните чизми важат и за класични и истовремено за исклучително модерни, што сезонава ќе се носат со слоевитите комбинации во уличната мода.

Одбравме неколку примери кои веруваме дека ќе ви послужат како инспирација доколку сте во план да се подновите.

Фото: Пинтерест

Објавено:
9 октомври 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
6.580 пати