По неколку сезони, конечно свој камбек најавија и високите чизми до и над колена. Впрочем на модните недели кои ги диктираа трендовите за актуелната зимска сезона немаше ревија на која не беа презентирани барем еден модел на високи чизми. Модната амплитуда се движеше од класични и елегантни модели на високи потпетици, па се до практични, рамни и удобни.
Повеќето модели, најчесто се изработени од мека кожа и материјали кои се флексибилни за да може да се витка делот околу коленото. Интересен е фактот дека високите чизми, првенствено биле користени од страна на рибарите, ранчерите и земјоделците, со цел да ги заштитат своите нозе од кал и вода. Исто така високите чизми биле носени и од страна на кадетите во војската. Денес, моделите на високи чизми си имаат свое поглавје во модната индустрија. Дизајнерските виртуози ги трансформираа во шик, елегантни и секси модни додатоци кои им се омилени особено на трендсетерките. Одлични се за комбинирање со предизмензионирани џемпери, фустани па и здолништа, а одлично се вклопуваат и врз вашите омилени фармерки и кожени хеланки кои се мошне популарни сезонава. Комбинации има безброј ваше е да се одлучите.
За прв пат, високите чизми стануваат дел од модниот свет во 1950-тите. Постојат различни модели на високи чизми како резултат на различните стилови и трендови кои од сезона во сезона се повеќе се разликуваат. Еве кои ќе бидат апсолутен хит оваа зима: