Последниве неколку години се навикнавме да живееме во удобни чевли, а патиките ни беа најчест избор. Со оглед на ситуацијата, сосема очекувано.

Но, пред нас е 2022, година во која модната индустрија верува и ветува многу. Така и кога изборот на чевли е во прашање. Модните дизајнери со нетрпение очекуваат да не „стават" во високи и "незгодни" потпетици, што поексцентрични и повпечатливи.

Целата акумулирана креативна сила на модниот свет, веројатно сега ќе ги добие своите простор и време.

Затоа, во прогнозите за тоа во какви чевли ќе чекориме во претстојната година се набројуваат: чевли на платформа, со машни, со необичен облик, балетанки, интересни папучи, со шпицест врв...

Ова се трендовите што не очекуваат:

ЧЕВЛИ СО ПАНДЕЛКИ

БАЛЕТАНКИ

ЧЕВЛИ НА ПЛАТФОРМА

ЧЕВЛИ СО ШПИЦЕСТ ВРВ

ПАПУЧИ

Објавено:
30 декември 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.048 пати