Војнички чизми „маршираат“ по есенските модни улици

26 октомври 2020

Милитари, војнички или груби чизми го предводат „маршот" на есенските модни улици годинава.

Инстантно се наметнаа како тренд заедно со доаѓањето на есента.

Воочливи се и впечатливи, а доаѓаат во различни верзии достапни под етикетите на „high street", но и луксузните брендови.

Дури и девојките кои преферираат нежен и романтичен стил, наоѓаат начин да ги вметнат во својот есенски изглед, комбинирајќи ги со женствени фустани, елегантни кошули и панталони, со макси мантили или капути.

Актуелни се и во нашата улична мода, па често ќе ги забележите во комбинациите на модните блогерки на Инстаграм, од каде секако може и да се инспирирате за аутфити доколку поседувате ваков пар чизми, што ги карактеризира „грубиот" дизајн, масивната платформа, впечатливите детали како патенти или синџири...

Фото: Пинтерест, Инстаграм

Објавено:
26 октомври 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.050 пати