Дамски ракавици - некогаш симбол за статус, а денеска се' попопуларен моден додаток. Судејќи според последните ревии, жените повторно ќе поскаат да носат долги дамски ракавици.

Но, пред да се префрлиме на актуелните тенденции, истраживме малку околу тоа како ракавиците стануваат (некогаш и задолжителен) моден додаток за жените.

Постои легенда, според која ракавиците настанале благодарение на боговите. Имено, божицата Венера трчајќи низ шумата на Олимп, се сопнала, паднала и си ги изгребала рацете од една грмушка полна со трње. За да ги спаси своите нежни раце и на нив да не останат лузни од трњето, со тенки ленти ги обвиткала прстите и дланките, а тој изглед и покрај тоа што била повредена, ѝ давал дополнителна отменост.

Во Европа пак, се верува дека доаѓаат благодарение на мажите. Во средниот век, ракавици носеле витезите, но тие биле направени од челична мрежа со цел да ги заштитат рацете од тешките мечеви кои им создавале рани на дланките. Нив ги носеле цареви, кралеви и богати феудалци, а биле накитени со драгоцени камења, проткаени со златни и сребрени нитни и било забрането да ги носат жените.

Ракавиците имале и различни симболики, па така кога еден маж ќе му фрли ракавица на другиот (пред лице или нозе) значи дека го повикува на двобој, односно дека постои неправда што сака да ја исправи. Во одредени делови на Европа пак, на свадбените церемоции, младоженецот на идната сопруга ѝ го предавал својот меч и едната ракавица.

И додека богатите ги носеле ракавиците за да ја покажат својата моќ, обичните луѓе почнале да прават ракавици за да ги заштитат рацете од тешката физичка работа или за да ги покријат раните и лузните од таквата работа.

На крајот на деветиот и почетокот на десетиот век, и жените почнуваат да носат ракавици. Некаде се користеле за да означат примирје, а некаде биле совршен моден додаток за додворување. На пример,  кога мажот би ѝ подарил напарфемирана ракавица на девојката на која ѝ се доворува, неговата порака била јасна и се чекало дали девојката ќе се согласи да биде негова или не.

Кога жените почнале да носат ракавици, почнало да се развива нивното статусно значење во модата, но и да се сметаат за неизоставен дел од женскиот изглед. Се носеле ракавици над лактот, а некои носеле и ракавици до рамената. Тие најчесто биле изработени од најфини материјали, сè додека некој не се сетил да ги направи од тантела. Овој тип ракавици долго време доминирале и биле вистински симбол на елеганција. На почетокот тие немале прсти и досегнувале до половина дланка. Во 19 век, било неприфатлво појавувањето во јавност без ракавици, а сите оние кои не носеле, се сметале за недоволно образовани и припадници на ниската класа.

Интересен факт е дека Наполеон Бонапарта бил голем вљубеник во ракавиците, дека имал над 240 пара и дека Жозефина со добивањето дозвола да ги носи, направила вистинска револуција меѓу жените за нивно носење како моден детаљ.

Според некогашните модни правила, сите оние кои водат сметка за стилот, треба да носат ракавици кои според бојата ќе бидат исти со бојата на чевлите. Но во поново време, ова воопшто не мора да биде така. 

Напротив, според новите тенденции ракавиците треба да бидат подолги, а доколку се контрастни во однос на остатокот од стајлингот, толку тој ќе биде повпечатлив. Aко сакате да постигнете монохроматски изглед, тогаш треба да ги усогласите ракавиците со бојата на другите парчиња. Дел од брендовите имаат и дамски ракавици со принт или апликации, не се чест избор, но можат да бидат ефектно парче.

Адел ги носеше во својот последен спот, а може да бидат од сатен, кадифе, кожа итн...

Во продолжение следат неколку фотографии за инспирација:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @yourfoxface

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@blondie_fashionstories)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @babyangelsonly

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @stilettomylove

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stylight (@stylight)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by - The Wild (@wild_aime)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Salina (@salina_sincerely)

Објавено:
10 март 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
587 пати