Време е за гумени чизми!
•
22 септември 2017
Веројатно меѓу најпопуларните есенски парчиња од гардероберот се гумените чизми.
Ако порано беа синоним за фестивалите на отворено, веќе неколку сезони се „мејнстрим" без кој не поминува ниту една есенска сезона.
Дизајнерите и модните куќи секоја следна сезона ни нудат нови и неодоливи модели, што ги комбинираме во нашиот секојдневен аутфит.
Ние ви предлагаме да ги комбинирате со високи чорапи и мини здолништа или шорцеви или пак облечете ги врз тесен џинс во комбинација со предимензиониран џемпер.
Неколку дополнителни идеи во галеријата што следува:
Фото извор: Пинтересет