За модните кралици - ова е совршениот моден додаток

12 јануари 2017

Долче и Габана се препознатливи и по раскошните круни со кои ги облагородуваат своите колекции, честопати со овој моден додаток се заокружува и невестинскиот изглед, но оваа сезона круните како моден додаток добиваат комерцијална употреба.

Секако во уличната мода одамна се присутни, како и во имиџот на авангардните дами, но со оглед на тоа дека сезонава се модна тенденција, ќе ги гледаме многу почесто.

Дизајнот на круните е навистина богат, варира во однос на материјалот од кои се изработени, формите и големината.

Па покрај круните со украсни камења, ќе најдете и такви изработени од природни материјали, од жица или пак сплетени од волна.

 

Објавено:
12 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
495 пати