Задолжителни за оваа пролет: Чевлите што ги обожава Ријана!

13 мај 2014

Доколку сѐ уште не ги најдовте совршените чевли за оваа пролет, дозволете ни да ве инспирираме!

Овие чевли со вртоглава потпетица што наликуваат на прекрасна тантела, се уметничко дело на модната куќа Кристијан Лубутан и во моментов се омилени на поп дивата Ријана.

Овој модел чевли од Лубутан од нивната 2014 колекција, доаѓаат во неколку бои меѓу кои и беж, црна, златна и прекрасна бела.

Моделот „Импера“ на Лубутан се чини е омилен и на многу други трендсетерки меѓу кои и прекрасната Алесандра Амбросио која покрај за фотосесијата во Харпер Базар, си одбра едни и за себе.

Ние веруваме дека веќе полека се заљубивте во овој модел, а сигурни сме дека оваа пролет истите често ќе ги гледаме и кај други прекрасни девојки!

Уживајте!

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци