Откако Карл Лагерфелд во парискиот Гранд Палас ја претстави колекцијата „Art School“, неговите парчиња предизвикаа вистинска револуција во светски рамки. Исто како и шарените фустани кои владеат на улиците на метрополите, главен аксесоар кој во иста мера ги освои симпатиите на блогерите и познатите ѕвезди е фамозниот „Графити“ ранец.

Иако цената за ова задоволство изнесува 3.400 долари, сепак тоа не претставува проблем за голем број модни фанатици да ја збогатат својата галерија. Платнениот ранец е во три нијанси со графити логото на Шанел, како и шарениот ланец кој дополнително дава автентичност за овој моден додаток.

Покрај тоа што ранецот досега го носеа Мајли Сајрус, Лили Ален и Кристен Стјуард, тој е задолжителен аксесоар од изгледот на Кјара Ферагни и Брајан Бој.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци