Збогатете ги вашите аксесоари со нова есенска шапка

16 октомври 2013

Шапките што ги носевме изминатото лето веќе треба да ги складирате за следното, а да ги извадите есенските или пак да си набавите нови модели. Во секој случај шапките се секогаш добредојдени низ секојдневните дневни или вечерни комбинации, па затоа ние ви предлагаме 13 шапки за не толку ладни денови, но и за оние постудените што допрва ни доаѓаат. Шапката е исто толку моќна колку и црвениот кармин, таа може комплетно да донесе во изгледот поинаква енергија и печат, па дури и став меѓу опкружувањето. Во продолжение погледнете ја галеријата од 13 есенски шапки и инспирирајте се во која насока да ја барате вашата нова шапка.

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци