Живанши продолжува да ги освојува срцата на модните вљубенички

5 август 2014

Модната куќа се претстави со новата есенско – зимска колекција на чанти . Доколку до сега не се вљубивте во моделот „Антигона“, тогаш нејзиното ново егзотично издание сигурно ќе го промени вашето мислење.

Во колекцијата преовладуваат животинските принтови, со посебен акцент на змиската и крокодилска кожа. Луксузните детали од крзно со изборот на црна, смеѓа, бордо или темно сина нијанса,  се совршен избор за претстојната студена сезона. Досега моделите на Живанши уживаа универзална обожаваност, а несомнено е дека истото ќе им се случи и на новите модели.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци